Репрезентацијата на Луксембург ја победи Ирска со 1:0 вчеравечер во Даблин во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2022 година.
Тимот ја прекина серијата од 28 натпревари на гостински терен без победа во Мундијалските квалификации која изнесуваше 22 порази и шест нерешени средби.
Последната победа беше во септември 2008 година над Швајцарија (2:1).
Воедно, за Луксембург ова е само трета победа на 124 гостувања од квалификациите за Светско или Европско првенство на кои има и 111 порази и 10 нерешени средби.