Шпанската фудбалска репрезентација, откако ја победи Грузија (2:1) вчера на гостински терен во квалификацискиот натпревар за СП 2022, го ажурираше сопствениот рекорд.

Тимот ја продолжи серијата без пораз во квалификациите за Светското првенство на 65 натпревари. Имаат 51 победа и 14 нeрешени средби.

Последен пат Шпанија загуби во квалификациите за СП во 1993 година. Тогаш тимот загуби од Данска (0:1).

Победата против Грузија беше остварена во самиот финиш. Победничкиот гол го постигна Дани Олмо во 90 + 2. Минута.