Репрезентацијата на Колумбија ја совлада Аргентина со 2:1 во квалификациите за Светското првенство и дојде на два бода од светскиот и континентален шампион.
Без Лео Меси, се чини дека Аргентинците не се истата репрезентација, што се виде на овој меч, но најдобриот играч на светот ќе му биде на располагање на селекторот од следниот месец.
По корнерот на Родригез, Москера и донесе предност на Колумбија. На 1:1 израмни Нико Гонзалес, а Родригез погоди од пенал за победа на домашните.
Аргентина во Баранкиља го претрпе само вториот пораз во квалификациите, а воедно и вториот во сите натпреварувања за неполни две години.
Аргентинците не беа единствените кои тагуваа вечерва. Бразил доживеа пораз и во квалификациите за Светското првенство.
Парагвај победи со 1:0, а Данијел Гомез го постигна голот во 20. минута од натпреварот.
Во останатите натпревари Уругвај одигра нерешено со Венецуела, додека Еквадор го совлада Перу.
Квалификации за СП 2026, 8. коло:
Парагвај – Бразил 1:0 (1:0)
/Гомез 20/
Колумбија – Аргентина 2:1 (1:0)
/Москера 25, Родригез 60 пенал – Гонзалес 48/
Чиле – Боливија 1:2 (1:2)
/Варгас 39 – Алгараназ 13, Мигелито 45+1/
Еквадор – Перу 1:0 (0:0)
/Валенсија 54/
Венецуела – Уругвај 0:0.
Фото: Х/Аргентина