Американската компанија „Кока-Кола“ прекинува со рекламирањето на социјалните мрежи најмалку 30 дена, поради зголемениот притисок да престане говорот на омраза на тие платформи.

– Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните мрежи, нагласу извршниот директор на Кока-Кола, Џејмс Квинси.

Тој апелираше до социјалните мрежи да покажат „поголема одговорност и транспарентност“.

Одлуката е донесена откако Фејсбук објави дека ќе следи потенцијално штетни или погрешни/нереални коментари објавени на таа мрежа.