Калчолигашот Милан се приклучи на борбата за 33-годишниот хрватски фудбалер Иван Ракитиќ, објави „Ла Газета дело Спорт“.
Играчот од средниот ред на Барселона, има намера да го смени својот тим во зимскиот преоден рок.
Претходно, имаше информации дека Манчестер Јунајтед и Интер се заинтересирани за Ракитиќ.
Барселона веќе се согласи да го ослободи играчот од средниот ред во зимскиот преоден рок.
Хрватот е незадоволен од малата минутажа во каталонскиот клуб. Во тековната сезона во Примера, тој одигра шест натпревари без забележителен ефект.