Опозициската Лабуристичка партија во Велика Британија нагласи дека ќе бараат втор референдум за напуштањето на Европската унија. Тоа се случува откако Парламентот вчера отфрли нивна алтернатива за планот на конзервативната влада за брегзит.
– Ќе подржиме референдум за да не го дозволиме штетниот брегзит на конзервативците или катастрофалната варијанта за брегзит без договор, изјави лдиерот на лабуристите Џереми Корбин.
– Ќе продолжиме да бараме и останати опции за да спречиме слични варијанти како тесни економски односи, врз основа на нашиот надежен алтернативен план како и парламентарни избори, изјави тој.
Претходно, Лабуристичката партија соопшти дека има намера да „поднесе или поддржи измени во корист на референдум“ во случај Парламентот да отфрли нивни алтернативен план на договорот на Меј за брегзит.