Британската опозициска Лабуристичка партија ќе поддржи организирање втор референдум за брегзит ако Парламентот отфрли нивен алтернативен план за напуштање на Европската унија.

– Целта е да се избегне „погубен брегзит“ кон каде не водат конзервативците на премиeрката Тереза Меј, изјави синоќа лидерот на партијата, Џереми Корбин.

Тој додаде деkа ќе направат се што е во нивна моќ да се избегне брегзит без догвоор. Партијата ќе побара Велика Британија да остане во царинска унија со ЕУ и да ја зачува врската со единствениот пазар на заедницата и по брегзит.

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе одржи говор пред Парламентот за напредокот во процесот по разводот меѓу Лондон и Брисел.

Според неодамнешни анкети, идејата за нов референдум има голем број приврзаници во јавноста во таа држава, и веројатниот исход би бил „да“ за останување во ЕУ.