Лада Рива „обележа“ многу генерации родени во 60-те и 70-те години од минатиот век, но секоја Лада Рива не е иста. Една се истакнува и е во одлична гформа.

Сопственик на таа Лада Рива или модел ВАЗ 2105 е Федор Воробјев, еден од најпознатите дрифтери во Русија. Со тоа возило настапува како дрифтер во Русија и е најуспешен.

Сепак, се одлучил да се прости од својата Лада и на пазарот на дрифтери тоа возило чини 137.000 евра.

Таа Лада Рива нема никакви заеднички точки со фабричкиот модел освен изгледот на каросеријата. Сета механика и техника се заменети со професионална тркачка опрема.

Под хаубата е трилитарски турбо-бензинец со 610 КС и 800 Нм.