ЛАЈМ: Затвореници од Албанија ги запалиле ќелиите во затворот во Куманово

/ 27.02.2020

Некои од затворениците кои издржуваат казни во затворот Куманово, започнаа голем револт денес, бидејќи нивните барања до сега веќе 10 дена беа игнорирани од властите.

Извори на Лајм велат дека затворениците, главно од Албанија, ги запалиле своите ќелии на третиот кат, а нивниот револт сè уште продолжува.

-На затворениците од Албанија, кои беа пренесени во затворот Куманово пред неколку дена, не им е дозволено да излегуваат во текот на денот и тоа е причината што кај нив е создаден револт, што денес се манифестира насилно. Сè уште нема официјална потврда од полицијата и дирекцијата на затворот. Засега не се знае дали има повредени лица за време на немирите, пишува ЛАЈМ.


Од истата категорија