Бундеслигашот Лајпциг ќе го купи дефанзивецот Анхелињо од Манчестер сити.
Според „Кикер“ германскиот клуб ќе ја активира опцијата за откуп на 24-годишниот Шпанец во износ од 18 милиони евра.
Анхелињо игра за Лајпциг како позајмен фудбалер од Манчестер сити од јануари 2020 година. Тој има девет голови и 16 асистенции на 46 настапи за тимот.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра.