Раководството на РБ Лајпциг призна дека Тимо Вернер најверојатно нема да остане во тимот по крајот на сезоната, бидејќи трансферот на напаѓачот во Челси е скоро сигурен.
– Среќни сме што Тимо е се уште тука. Сепак, за него сигурно ќе има промена. Ние ќе ги објавиме вестите кога ќе станат факт, соопшти спортскиот директор Маркус Кјоче.
Британските и германските медиуми минатата недела објавија дека договорот е скоро финализиран, а „сините“ се подготвени да ја платат откупната клаузула во висина од околу 55 милиони евра.
Дваесет и четири-годишниот Вернер се пресели во Р.Б. Лајпциг во 2016 година и има договор до 2023 година. Тој има постигнато 25 голови во Бундеслигата оваа сезона и вкупно 31 на сите натпреварувања.