Менаџерот на Челси, Френк Лампард е среќен со продолжувањето на фудбалот во Германија и со нетрпение очекува тоа да се случи во Англија.
Според него, дури и без публика, фудбалот носи радост.
– Нема навивачи, нема поддршка од трибини, што е особено силна во Англија. Поддржувачите ве влечат напред, принудувајќи да го дадете најдоброто. Но, дури и без публика, фудбалот е фудбал. Се уште се борите за три бода и честа на вашиот тим, изјави Лампард за веб-страницата на Челси.