Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, Френк Лампард (43), ја скрши раката прославувајќи го синоќа победничкиот гол на својата екипа во премиерлигашкиот натпревар против Њукасл.
Евертон забележа важна победа (1-0) во битката за опстанок со голот на Алекс Ивоби во 99 минута.
Натпреварот беше продолжен дури 14 минути поради инцидент што се случи на почетокот на второто полувреме, кога момче втрча на теренот и се врза околу вратот за една од стативите. На редарите им беа потребни осум минути да го одврзат момчето, кое носеше маичка со натпис: „Само запрете ја нафтата“.
– Ја скршив рака за време на славјето. Беше прилично болно и раката не е стабилна, но во овој момент тоа е најмалку важно“, изјави Лампард по натпреварот.