Тренерот на Челси, Френк Лампард, беше задоволен од играта на неговиот тим на денешниот натпревар (3:0) во првенството на Англија против Барнли.
Тој го забележа напредокот во играта на неговите избраници.
– Ова е убедлива победа остварена со одлична игра. Видов многу позитивен став кај моите фудбалери. Тие поставија стандард за играта, што неодамна го немавме, изјави Лампард.