Менаџерот на Челзи, Франк Лампард смета дека Жозе Мурињо го претерува во однос на недостатокот на опции во нападот на Спарси.
По повредите на Хари Кејн и Хјун-Мин Сон, Мурињо се пожали дека неговиот напад е како „пиштол без муниција“ пред големото дерби на Лондон, кое е и со залог за место во топ 4. Лампард, сепак, рече дека Португалецот малку претерал со своите побарувања.
– Тотенхем има опции во нападот, да не се лажеме. Најдобрата сезона на Деле Али во Тотенхем беше како втор напаѓач зад Хари Кејн, додека Лукас Моура постигна „хет-трик“ во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, кратко прокоментира Англичанецот на темата.
Дербито ќе почнува во 13:30 часот.