Burger King сè уште е отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на франшизата вети дека ќе го напушти тој пазар пред повеќе од една година.
Restaurant Brands International (RBI), кој поседува 15 отсто од бизнисите со франшиза за брза храна во Русија, рече дека моментално нема нови информации за неговото излегување од рускиот пазар.
Во март минатата година компанијата објави дека го започнала процесот на напуштање на Русија. Од избувнувањето на војната во Украина, западните компании беа под притисок да ја напуштат Русија. Критичарите ја обвинија РБИ дека го поддржува режимот на Путин со тоа што не го продава својот удел во рускиот бизнис.
RBI, една од најголемите светски компании за ресторани за брза храна, го наведе својот комплициран договор за франшиза како причина за тешкотиите во обидот за излез од земјата. Тие рекоа дека во овој бизнис имаат три партнери за околу 800 ресторани.
Дејвид Шир, претседател на РБИ, изјави дека главниот оператор на Бургер Кинг во Русија одбил да ги затвори своите продажни места по првите напади на Украина. Но, тој додаде дека компанијата го започнала процесот на решавање на сопствениот удел од 15 отсто и дека ќе потрае некое време.
Додека Бургер Кинг сè уште работи во Русија, неговиот најголем ривал Мекдоналдс, кој беше корпоративен сопственик на повеќето ресторани, успеа да ја напушти земјата.