Поранешен латвиски премиер, сегашен претседател на Врховен суд на таа држава и католички кардинал се на листата на поранешни соработници на советското КГБ, беше објавено во Рига.
Латвискиот државен архив откри целосно нов попис на поранешни соработници на спец-службата од кои некои и сега се активни во политичкиот живот или бизнисите по 25 години правосудни битки.
На листата е Иварс Годманис, двапати премиер на државата и европратеник, а сега седи во УО на најголемата фармацевтска компанија во државата.
Следуваат – Иварс Бицковиц, претседател на Врховниот суд, поранешниот кардинал Јулијанс Ваводс кој почина во 1990 година, поранешниот министер за надворешни работи Георгс Андрејевс и Александрс Курдјашовс, руски православен митрополит во Рига.
Меѓу 1953 и 1992 година КГБ во Латвија имале околу 24.000 соработници и агенти. Латвија успеа за разлика од другите држави од советскиот блок да спречи уништување на архиви на КГБ откако стана независна во 1991 година.