Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја посети Африка и зборуваше за поскапувањето на храната.

Лавров ги обвини САД и Европската унија (ЕУ) за зголемувањето на цените и кажа дека неколку африкански земји се најпогодени од недостигот на храна.

Министерот смета дека САД и ЕУ се виновни за зголемување на цените поради нивните политики и складирање храна за време на пандемијата на ковид-19.

Ситуацијата во Украина негативно се одрази на пазарите на храна, но не поради руската специјална операција, туку поради неадекватната реакција на Западот“, кажа Лавров.