Терористичката организација Исламска држава е сојузник на Вашингтон во соборувањето на сирискиот политички врв, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
– Американскиот Стејт департмент пред неколку дена соопшти дека ИСИЛ не е поразен, а промената на политичката власт во Сирија е главен предуслов за нивниот пораз, изјави рускиот шеф на дипломатијата.
Тој додава:
– Потврдена е мојата претпоставка дека Американците на ИСИЛ гледаат како оправдување за нивното присуство во Сирија, а речиси ги гледаат како сојузници во борбата против сириската власт, изјави Лавров.
Тој нагласи дека главна задача на Вашингтон сега е „да го собори сирискиот врв, пред да ја порази ИСИЛ“ и додаде дека САД очигледно имаат „своја тајна агенда во Сирија“.
– Главното упориште на ИСИЛ е на територијата која ја контролираат САД, рече Лавров.