Меѓународната заедница треба да преземе чекори за да го запре прогонот на христијаните на Блискиот Исток и Северна Африка, изјави Сергеј Лавров за телевизијата Русија-24.
Руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква, додава Лавров, имаат многу заеднички проекти, а еден од нив е најактуелен – преземање специјални чекори за заштита на христијаните, особено на Блискиот Исток и Северна Африка, пренесе Тасс.
На маргините на средбата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХРЦ) се оддржа специјален форум за поддршка на христијаните, на која учествуваше и Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
-Форумот собра партнери од Ватикан, Светата столица, министрите за надворешни работи на Ерменија, Унгарија, Белорусија, Либан и други земји, кои гледаат ризик за натамошното нормално, мирно и безбедно постоење на христијаните на Блискиот Исток, Истакна Лавров.