Русија ќе продолжи да ги напаѓа објектите што ги користи украинската војска, странските борбени авиони и воените инструктори испратени од Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Си-Би-Ес њуз.
„Ќе продолжиме да ги таргетираме објектите што ги користи украинската војска, некои платеници од странски земји и инструкторите официјално испратени од Европејците за да помогнат во таргетирањето на руските цивилни објекти“, рече тој во интервју за емисијата „Face the Nation“, снимено во четврток и емитувано денес.
Како што изјави тој, „ако ја погледнете, на пример, ситуацијата во Курската област, тогаш во последните шест месеци меѓу целите врз кои Украинците отворија оган немаше ниту една воена“.
Покрај тоа, додаде Лавров, постоел предлог од американскиот претседател Доналд Трамп, поддржан од рускиот лидер Владимир Путин, за воведување 30-дневен мораториум за напади врз енергетската инфраструктура.