Русија нема намера да се откаже од проектите „Северен тек 2“ и „Турски тек“ и покрај санкциите на САД, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој додаде дека Москва планира да одговори на овој потег на Вашингтон, пренесува Бета.
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој ќе се воведат санкции за компаниите што градат гасовод за руски природен гас кон Германија. Предлог-законот го усвои Претставничкиот дом на САД минатата недела и Сенатот во вторникот.
Гасоводот Северен тек 2, вреден речиси 11 милијарди американски долари, се гради во Балтичкото Море и има за цел да ја удвои испорака на рускиот природен гас за Германија.