САД побараа совет од Русија пред состанокот на американскиот и севернокорејскиот лидер Доналд Трамп и Ким Џонг Ун во Ханој, што ќе се одржи на крајот од неделата, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тој рече дека нема брзо решение за прашањето на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, наведувајќи дека ОН би можеле да суспендираат некои санкции против Северна Кореја, што ги обременуваат односите меѓу Пјонгјанг и Сеул.
Лавров, кој учествуваше на конференција за меѓународна соработка во виетнамскиот град Хо Ши Мин, рече дека разговорите на шест земји – Русија, Кина, САД, Јапонија, Северна и Јужна Кореја – за нуклеарното прашање на Корејскиот полуостров, би можеле да бидат корисни ако има напредок во дијалогот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг