САД се обидуваат да создадат квази-држава на источниот брег на Еуфрат во Сирија и да ја поделат оваа арапска држава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Ситуацијата во североисточна Сирија се појави како резултат на незаконското присуство на САД. Вашингтон ја искористи борбата против тероризмот како изговор и се здружија со клучните курдски структури и со некои борбени дејства против „Исламска држава“, во обид да создадат квази-држава на источниот брег на Еуфрат, рече Лавров.
Според него, сега Американците тврдат дека нивна главна цел е да спречат враќање на сириската Влада на источниот брег на Еуфрат.
– САД директно велат дека и по напуштањето на Сирија ќе ги поддржуваат Курдите, но само додека Курдите не почнат да соработуваат со сириската Влада и со Русија, истакна рускиот министер. – Со други зборови, целта за обновување на територијалниот интегритет на Сирија, кој беше поддржан од целата меѓународна заедница, беше само маневар на САД, заклучува Лавров.