Гасоводот „Северен поток 2“ ќе биде завршен за неколку дена и ќе почне со работа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Забележуваме дека Северен поток 2 е директно нападнат, бидејќи Американците сфатија дека, и покрај се, ќе биде завршен и во функција ќе почне за неколку дена, рече Лавров.

Според него, САД сакаат да го истурка својот течен природен гас на пазарот, кој, како што вели, најчесто се добива со еколошки штетен метод и е многу поскап.

Северен поток 2 се состои од два крака на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно и се протега од рускиот брег преку Балтичкото Море до Германија.

Работата на гасоводот беше прекината во декември 2019 година, откако компанијата Swiss Olsis се откажа од поставување цевки поради заканата од американски санкции. Изградбата продолжи во декември 2020 година.