Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре во Москва ќе разговара со венецуелскиот колега Хорхе Ареаза, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Состанокот ќе се одржи во пресрет на средбата на Лавров со американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела во Финска, на која една од главните теми ќе биде кризата во Венецуела и различните ставови на Москва и Вашингтон во врска со нејзиното решавање.