Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Тој предупреди дека заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна.
– Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент, изјави Лавров синоќа за руската државна телевизија.
Околу тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива на Украина, Лавров подвлече дека опасноста од трета светска војна е сериозна и не смееме да ја потценуваме.
Како што пренесуваат странските агенции, тој го обвинил украинскиот претседател Володимир Зеленски за глумење дека преговара.
– Тој е добар глумец. Ако внимателно гледате и читате што зборува, ќе забележите илјада противречности, рече Лавров.