Во случајот со Алексеј Навални западните партнери на Русија ги преминаа сите граници на здравиот разум, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во интервју за РТВ 1.
-Што се однесува до оваа состојба, како што јас гледам, нашите западни партнерите ги преминаа сите граници на пристојност и здрав разум, рече Лавров по повод „случајот Навални“, пренесе Тасс.
Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални продолжува да се подобрува, тој е целосно отстранет од респираторот и на кратко дури може и да стане од кревет, соопшти денеска берлинската клиника „Шарите“, каде тој се лекува.
На Навални на 20 август одеднаш му се слошило на летот од Томск кон Москва, а авионот заради тоа морала принудно да слета во Омск. Тој бил пренесен во болница, каде набрзо паднал во кома. Лекарите во сибирската болница соопштија дека кај Навални не се пронајдени знаци на труење.
На 22 август, Навални од болницата во Омск со германски авион беше пренесен во клиниката „Шарите“ во Берлин, на барање на неговата сопруга.
Германската Влада претходно денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле дека Навални бил отруен од нервниот агенс „Новичок“.