Според неговите зборови, Москва има со кого да соработува во економијата, социјалната сфера, културата и спортот
Западните земји наскоро ќе ја изгубат способноста да управуваат со светската економија, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција.
Лавров рече дека системот во кој речиси сите земји влегоа по војната сега предизвикува процес на размислување за последиците и ризиците од таквата политика.
„Можам да ве уверам дека во блиска иднина ќе видиме намалување на способноста на Западот, многу сериозно намалување на неговата способност да управува со светската економија онака како што сака. Сакале или не, ќе мора да преговараме“, рече Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија нагласи дека Западот ги прекинал речиси сите односи со таа земја.
Според неговите зборови, Москва има со кого да соработува во економијата, социјалната сфера, културата и спортот.