По поразите од Норвешка и Холандија, денеска доживеавме и трето, најголемо разочарување откако загубивме од Аргентина со девет голови разлика.

„Не сум ни јас безгрешен, ѝ се извинувам на Фалангата! Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Они се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Но, ние мораме да почнеме од почеток и без очекувања, така побрзо ќе се кренеме“, изјави Лазаров по мечот.