Првоаприлска шега и лажна е веста дека сите функционери на СДСМ се откажуваат од зголемување на платите за 78 отсто, која се прошири на социјалните медиуми.
На социјалните мрежи беше објавено дека „сите функционери на СДСМ се откажуваат од покачените плати, а средствата ќе ги дадат на семејствата на уставобранителите“.
Од владејачката СДСМ најавија дека ќе предложат законски измени, за да се намалат платите што ќе ги добиваат доминантно нивни функционери, но нема најава дека тие ќе ги даваат парите на уставобранителите, како што е наведено во лажната вест што се рашири.