Ле Брон Џемс изјави дека последните три меча против Голден стејт, ги играл со „речиси скршена рака“ откако се изнервирал па во бес ја удрил таблата по првиот меч, кој Вориорси го добија во продолжение.
Тој меч се покажа како клучен во серијата до 4 победи, зашто Кавалирси на Џејмс имаа победа во џебот, која во последните секуди ја прокоцкаа, а имаше и неколку контроверзни судски одлуки.
На крајот тимот од Оукленд, Калифорнија, ја освои третата титула по ред играјќи во последните четири финалиња.
„Ги пуштив емоциите да го ивлечат најдоброто од мене, а последните три меча ги играв со речиси скршена рака“, изјави Џејмс појавувајќи се на прес-конференцијата со завој на раката.
Повредата, која самиот си ја предизвикал, е на неговата десна, шутерска рака.
Ле Брон сега е слободен агент и најверојатно тој ќе премине во друг клуб.