Европа може да ја плати цената доколку САД и Кина наместо трговска војна постигнат договор, предупреди министерот за економија на Франција, Бруно Ле Маир.
– САД и Кина ризикуваат да постигнат договор на шетата на Европа, доколку Европа не удри силно на масата- изјави Ле Маир.
Тој истакна дека „САД сакаат Европа и европските држави да ја платата цената за лошото однесување на Кина, што е апсурдно и несоодветно за сојузници“.
Неговиот коментари уследи по соопштението на Вашингтон во кое се наведува дека Пекинг се согласил да го намали трговскиот дефицит на Америка со тоа што „значително“ ќе го зголеми увозот на амеркански стоки.
Трамп и се закани на Кина со царини на увоз во износ од 150 милијарди долари, на што Пекинг одговори дека ќе возврати со контрамерки на американските аграрни производи, авионите, па дури и на вискито.
Според заедничкото соопштение, двете страни се договориле на разумен увоз на американски аграрни производи и извоз на енергија, што ќе придонесе да се намали трговскиот дефицит од 350 милијарди долари што го имаат САД во трговијата со Кина.
Ле Маир додаде дека претседателот Емануел Макрон бил „многу јасен“ во неговото барање „за целосно и конечно изземање од американските царини“.