Леброн Џејмс го забележа својот прв трипл-дабл во дресот на Лос Анџелес Лејкерс во НБА. Ѕвездата заврши со 28 поени, 11 скока и 11 асистенции за победа на Лејкерс од 121:114 против Денвер.
Домаќините постигнаа серија од 19:4 во финалниот период од натпреварот. Кајл Кузма заврши со 22 поени, додека неговиот колега, Џавеил Мекги, постигна 21 поен за победниците. Мекги завршува со над 20 поена во два последователни натпревара во НБА првпат по 2012 година, кога го носеше дресот на Вашингтон.
Ова е втор успех за Лос Анџелес во новата сезона и деби победа пред сопствената публика. Никола Јокиќ постигна 24 поени и 11 скокови за Денвер.