Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
-Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат.
Ве поканувам да го проследиме видеото.
Почитувани,
Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите видни членови на СДС се против одржување на истите.
Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување.
Ова е уште една потврда на добрата политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на недовербата од страна на граѓаните кон СДС.
Лефков: Македонија е безбедна и имаме доволно залихи на ресурсите, дали фрустрацијата кај Заев и Филипче е поради рушењето на пазарот на недвижности во Дубаи?
Прашање: Дали Македонија е подготвена за евентуална криза поради случувањата во Блискиот Исток?
Одговор: Македонија е безбедна и спремна за евентуална кризна или вонредна состојба, имаме доволни залихи на ресурсите, македонските граѓани се евакуираат од земјите во Блискиот Исток, така да нема простор за паника.
Но, изразуваме сериозна загриженост кон Заев и Филипче, дека после нападите во Дубаи им се руши пазарот на недвижности со што им се создава удар врз инвестициите кои ги имаат овие двајца таму. Дали затоа нервозата и фрустрациите се големи кај Филипче и Заев? Затоа ли се толку гласни и загрижени?, запраша Лефков.




