ЛЕФКОВ: Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа еден милион луѓе, а потоа тој ќе мораше да си поднесе оставка

/ 16.09.2022

Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка. Талат Џафери влезе во правни гимнастики и испокрши Деловник за работа на Собранието, Закон за рефеењндум и Устав, само за са му помогне на Ковачевски за да ја спаси фотелјата за некој месец, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено Џафери според чл. 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието, не е овластен да го отфрли барањето, туку истото требаше да го проследи до претседателот на Законодавно правната комисија и до Комисијата за политички систем.

Со отфрлањето е прекршен и чл. 26 од Законот за референдум, бидејќи според истиот предмет на референдум може да бидат и меѓународни договори, кои се ратификувани како закони во Македонија.

И на крај Џафери го прекрши Уставот, кој го дозволува референдумот, како врвна демократска алатка.

Талат Џафери помина низ сета оваа правна гимнастика и без правна основа го отфрли барањето, за да го спаси Ковачевски од дебакл. Бидејќи според нашите истражувања над 60% од Македонците ќе излезеа на референдум. И најголем број од нив ќе гласаа за поништување на договорот.

Ковачевски се исплаши дека ќе му пропадне договорот, кој жестоко го бранеше, а потоа и дека и самиот тој ќе мора да си поднесе оставка и замина.

Ковачевски можеби избега од референдум, но неговите денови во владата се броени, тој ќе биде жестоко поразен на наредните предвремени парламентарни избори, додава Лефков.


Од истата категорија