Денес е значаен ден бидејќи денес е прв ден во кој што Македонија има влада предводена од Христијан Мицкоски една просперитетна и правична влада конечно Македонија доби влада од народот за народот, специфично за мене и оваа влада е што мандатарот започна со реализирање на ветувања уште пред нејзиното формирање. Уште на самиот ден може да видиме дека премиерот и тимот се излезени на терен и веќе работат и започнавме една кампања која што се нарекува почнуваме меѓутоа работата започна многу порано со измена на законот за организација на државната управа практично една реформа која што не е насочена кон граѓаните туку е насочена кон самата државна управа една многу значајна реформа затоа што после скоро 3 декади се менува начинот на кој што работи управата“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во емисијата Заспиј ако Можеш на Алфа ТВ.
„Премиерот храбро влезе во овој процес така што би рекол добивме една влада која што ги формализира поделбата на министерствата и она што беа заложби во минатото како дигитализација успеавме тоа да го материјализираме во вид на министерства нешто што успеа да го направи парламентарното мнозинство благодарение на заложбите на премиерот и се надевам дека тоа ги исполни сите предуслови да имаме една динамична влада која што ќе е подготвена да се соочи со новите предизвици“ кажа Лефков.
Лефков додаде и дека за разлика од претходната власт сека Македонија доби влада од народот за народот кој ќе има многу тешка задача да ја реформира земјата.
„Сега имаме една влада која што е од народот за народот, но која ќе има тешка задача меѓутоа добро е што вака ја започнавме работата да ја реформираме државата. Ние уште кога влеговме во предизборие рековме дека мораме да ја вратиме надежта. Проблемите се решаваат и мораме да работиме“ истакна Лефков.