Зошто Зоран Заев не дојде на партискиот конгрес на СДСМ? Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, вели дека тоа е нивна внатрешна работа.
Тој во „Наткаст“ на КУРИР ги коментира најавите за тужба од страна на Зоран Заев, по обелоденувањето на нови скандали.
-Оние силни милиони, треба да се направи план каде да се потрошат. Еден тренд во Република Македонија со најавување на граѓански тужби во повеќе сектори, кога станува збор за СЈО слушавме за граѓански тужби, кога станува збор за заплена на марихуана повторно се најавуваат. И тоа сето е смешно. Апсолутно е смешно. Затоа што соочени со криминал од размери кој се открива пред очите на јавноста, смешно е да се заканувате со граѓанска тужба. Особено кога сте извршувале една таква висока функција, вели пратеникот.
Лефков потсети дека секој кој се занимава со јавен живот и кога е политичар, се случува на социјалните мрежи да добива навреди.
-Меѓутоа, недолично е вие да се впуштате во граѓански тужби. Едноставно, тоа е дел од јавниот живот кој треба да го поднесете или да го користите како инструмент кога ќе станува збор за некои обвинувања за кои очигледно сте навредени. Меѓутоа, со запленети 40 тони дрога, со скандали во правосудството со кои се докажува дека сте биле дел од политички апарат, на таквите кривични дела и скандали се спротивставувате со бенигни изјави за граѓански тужби, тоа мислам дека јавноста јасно го перцепира дека тоа е борба за мал дел заштита на некоја останата репутација, посочува пратеникот во Наткаст.
Лефков уверува дека тие алатки се залудни и не им е таа наменета.
-Граѓанската тужба за навреда и клевета не може да се користи кога вие стоите позади бизнис или има индикации дека стоите позади бизниси кои се поврзани со подземјето. Најмалку што можете да направите е да го повикате јавното обвинителство да ги расчисти овие наводи и да кажете дека сте достапни на органите и подготвени да го дадете вашиот дел од приказната, рече тој.
Целата емисија погледнете ја во продолжение:




