Договорите треба да се почитуваат, но тие се двострани, треба да се почитуваат од двете страни. Нашата Влада ќе изготви документ во кој ќе се наведе што не се испочитувано од едната и другата страна. Овие договори, мислам на Преспанскиот, се однесуваат на институциите, а не на човековите права и ги поттикнувам граѓаните да го користат името Македонија. Грција се почесто го користи терминот „Скопје“, а ги нема сменето ни патоказите. Оттука ние треба да се насочиме повеќе кон човековите права, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

-Зошто кога се бара почитување од другата страна вие навлегувате во понижување? Вие бевте на власт и не побаравте ниту еднаш овој договор да се почитува и од другата страна. Дозволете да се работи како што треба. И случајот со Грција и со Бугарија се прашања на човекови права. Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори. Вашата влада функционираше како бизнис зделка, а овој договор го користевте како оправдување. Сега се обидувате да го сторите истото иако новата влада не е ни формирана. Заштитете ги граѓаните и побарајте ги нивните права, му се обрати Лефков на Оливер Спасовски од СДСМ.

Лефков вели дека во Уставот нема ниеден член кој забранува да се користи името Македонија, а се што не е забрането е дозволено.

-Нам ни се потребни одговорни институции кои ќе се занимаваат со заштита на граѓаните, а не како досега власт која се занимаваше со бизнис интереси и поделба на граѓаните. План има, дозволете да се формира владата во која секој од министрите ќе се занимава со своите надлежности и ќе ги исполнува своите задачи, вели Лефков.