Статус на ФБ на Ирена РАДОВАНОВИЌ, новинар
Проблем со скопски Водовод како да се реши и како да се намали корупцијата таму и да се реши “легалниот” криминал?
Вака, дуќанџиите во ТЦ Радишани се соочуваат со проблем со Водовод. Тој трговски е граден уште во времето на СФРЈ, од фабриката Треска, која одамна не постои, која ги градеше и бараките во Радишани.
Секој дуќан си има водомер и редовно си плаќа вода. Со тек на време водоводна мрежа старее, цевките пукаат и има многу дефекти. Сега Водовод бара дуќанџиите да го прифатат главниот водомер кој одамна го нема. Сакаат да стават нов а водата што истекува надвор од дуќаните да ја плаќаат дуќанџиите.
Сега Водовод бара дуќанџиите да ја преземат одговорноста за цевките што се меѓу дуќаните со образложение дека тие не ги ставиле тие цевки и не сносат одговорност за дефектите.
Водовод бил одговорен само да наплаќа сметки. Смејурии. И што е најтрагично Водовод е заштитен законски, тој одговара само до главниот водомер, (кој во ТЦ Радишани го нема одамна).
И сега, за да се реши дефект, се нудат лица од Водовод кои приватно наплаќаат и тоа не малку пари.
Значи, Водовод на овој начин им овозможува на своите вработени да заработуваат надвор од работно време
Па видете сега, над 40 години стара водоводна мрежа колку дефекти може да има и колку ќе намлатат пари нивни вработени од дуќанџиите кои едвај вадат една плата. Од трговски, кој работи многу слабо, најдоа Водовод “тезга” за полнење на свои џебови.
Прво што треба да се направи?
Треба да се смени законот кој наместо да го штити скопскиот монопол на продавање природно богатство- вода , треба да ги штити потрошувачите, и наместо одговорност само за наплаќање сметки, треба да си преземе одговорност и за одржување на цевките, особено во вакви случаи на стари водоводни мрежи.
Со тоа ќе ја стопира можност за “легален” криминал и корупција.
Дуќанџиите во ТЦ Радишани треба да плаќаат нешто што не било решено 30 децении..
Луѓе ова е легален криминал и ништо друго.