Во светот постои човек кој еднаш во животот работел шест часа, а тоа му било доволно да направи цело богатство и сега да живее како бубрег во лој.

Можеби многумина нема веднаш да се сетат на неговото име – Виктор Вилис, но тој беше фронтменот на во 80’ години мега популарната група Вилиџ пипл. Беше препознатлив по тоа што се облекуваше како полицаец или маринец.

Тој неодамна обелодени дека диско хитот од 80’, всушност која уште е планетарно позната денс песна, „YMCA“ ја напишал за 6 часа. Доволно да му обезбеди влез во легендите, и еден куп пари.

Во 2012 година станува сопственик на 50 проценти од правата од песните на бендот, а тоа уште повеќе ја зголемило неговото богатство.

Денес 66-годишниот Виктор живее во вила со шест спални соби, вредна повеќе милиони, во Сан Диего, Калифорнија, поседува неколку крузери заедно со сопругата Карен.

Тој вели дека еднаш за забава си купил златен часовник накитен со дијаманти Картие вреден 100.000 евра.

Но, Вилис не бил отсекогаш ни славен ни богат. На почеток работел во пиљара во Сан Франциско каде на тезгите редел зеленчук и овошје.

За идната година Вилис најавува голем кам бек на музичката сцена, кога заедно со други диско изведувачи ќе настапи на светската турнеја „40 години на Диско 2“.