Некои најголемите холивудски заводници имале двоен живот, па морале да глумат пред публиката и вон сцената, на пример, дека се „мачо“ мажи. Но, тајната дека всушност сакале мажи, честопати и не останува тајна, особено во Холивуд.
Така, на пример, Рок Хадсон во 60-те години на минатиот век, на своите премиери секогаш доаѓал со разни придружнички, но и неговиот љубовник со придружничка, исто така, бил близу него.
– Никој со малку памет тогаш не се откриваше пред јавноста. Тоа ќе значеше смрт за кариерата. Сите се преправавме дека сме хетеросексуалци. Еднаш го сретнавме Пол Њумен и неговата сопруга. Нѐ погледна и се насмеа. Знаеше дека јас и Рок сме во врска, открива Ли Гарлингтон, „љубовта на животот“ на Хадсон.
Еднаш, жолтиот печат се заканил дека ќе ја открие неговата тајна од приватниот живот, па актерот се извлекол откривајќи двајца свои колеги, кои исто така ја криел својата хомосексуалност. Еден од нив бил и синоокиот Таб Хантер кој јавно бил поврзуван со Натали Вуд и Деби Рејнолдс, врски за коишто самиот тој призна дека биле наместени.
Можеби најзвучното име во оваа група е Марлон Брандо.
– Какo и голем број мажи, и јас имав хомосексуални искуства. Не се срамам од тоа, изјави Брандо во 1976 година.
Својата врска ја криеле и Кери Грант и Рендолф Скот, а студиото Парамаунт во 1934 година му наредил на Грант да се ожени за Вирџинија Шерил, но тоа само за пред јавноста.