Американскиот глумец Роберт Енглaнд, ѕвездата на „Кошмарот на улицата Елм“ (Nightmare on Elm Street), ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Енгланд (77) е можеби најпознат по улогата на легендарниот негативец Фреди Кругер во повеќе филмови од 1980-тите и 90-тите, но зад себе има и завидна бројка од околу 160 други филмски и ТВ-проекти. Се појавува претежно во хорор-филмови.
Досега има шест награди од Академија за научна фантастика, фантазија и хорор филмови во САД, Фантафестивалот во Рим, Италија, Хорор-фестивалот во Њујорк, Каталонскиот меѓународен филмски фестивал во Шпанија итн. Има и повеќе номинации за своите оригинални улоги.