Сеќавање на легендарниот југословенски глумец, Бата Живоиновиќ за тоа како му крадел пури на Јосип Броз Тито:

Јас му крадев од пурите. Ако уште некој беше присутен тука при тоа, ќе ми кажеше, ама Тито да не чуе: Дали си ти нормален?

Но, јас земав колку што ми требаше. Ама, штом ќе земев, во истата секунда доаѓаа и ја дополнуваа кутијата. И нормално дека ги пушев тие цигари, иако во животот никогаш не сум пушел. Потоа почнав да му ги крадам и запалките. И испадна дека сум крадец.

Еднаш, одеше со бродот некаде во „белиот свет“ и во Сплит, не знам поради кои причини, наместо во два, рекоа дека бродот ќе тргне во пет попладне. И Тито побара Борис Дворник да дојде на бродот, да помуабетат.

И доаѓа Борис на бродот и му велат: Почекај тука!

И тој чека, и гледа на масата каде што чека, шише со виски. Виски кое го пие Тито. И Борис го крава шишето и пие од него, и уште не го спуштил шишето, а веќе се опијани. И токму во тој момент го повикуваат кај Тито, Борис почнува да збори, ама му плетка јазикот. Пијан.

И Тито го прашува: Па каде се опи човече?

А, Борис му вели: Имаше едо шише таму…

Па тоа е моето виски, му вели Тито.

Не знаев, му одговара Борис.

А Тито се семе: Па ти си крадец како оној Бата Живоиновиќ.

Прв пат  рекол дека сум крадец. Се’ видел што сум крадел, ама молчел.

(Велимир Бата Живоиновиќ, роден на 5 јуни 1933, починал на 22 мај 2016 е еден од најпознатите гумци во поранешна Југославија и потоа Србија. Со филмот Битка на Неретва се стекнува со приматот еден од најголемите ѕвезди на Југословенската кинематографија)