Околу Бредли Купер (44), Ирина Шајк (33) и Лејди Гага (33) се уште на големо се зборува во Холивуд, а многумина сметаат дека пејачката е главната причина поради која славната двојка се разведува после филмот „Ѕвездата е родена“.
Освен тоа што Бредли и Гага демантираа дека наводно се во врска, никој од нив не беше расположен да дава изјави, а извор близок до пејачката тврди дека таа многу лошо се чуствува околу целата ситуација.
-Се чувствува многу лошо поради нивниот развод и ја гризе совеста. Не планира врска со актерот, жал и е за Ирина бидејќи е свесна дека поради гласините околу нивната афери доведоа до раскинување и дека филмот во кој глуми Бредли влијаеше на нивниот однос со Ирина – изјави извор за американски медиуми.