Мажите уште од рано детство, најдобро од 15 година, треба да спроведуваат самопрегледи на тестисите за да спречат потенцијален развој на рак, предупредуваат германски медицински експерти.
Иако е многу редок, рак на тестиси најчесто се развива меѓу 15 и 40 година, нагласуваат од германското здружение на педијатри.
Првите знаци на болеста не е болка, туку оток или грутка со големина на грашок. Ако се открие на време, таа болест се лекува со само една операција. Во напредна фаза, освен операција потребна е и хемотерапија и зрачење.
Германските експерти затоа препорачуваат младите мажи внимателно да ги допрат тестисите еднаш месечно, за да се самопрегледаат. Голем број лекари сметаат дека самопроверката кај межите треба да стане рутина.
Најдобро време за таков самопреглед е по туширање кога кожата на скротумот е опуштена. Причина за појава на рак на тестиси засега е непозната иако се повеќе се поврзува со наследни знаци.