Лекари во Канада наскоро ќе може во рамки на пилот проект да даваат терапија напациенти – посета на музеј.
Здружението на Франкофонски лекари на Канада и Музејот на применета уметност во Монтреал покренаа пилот проект со кој пациенти кои боледуваат од разни физички и ментални болести ќе може да почувствуваат благотворни дејства на уметноста со бесплатна посета на музејот.
Лекарите за време на прегледот, и доколку сметаат за потребно, ќе препишуваат „рецепти“ за посета на музеј.
Претставничка на монтреалскиот музеј Никол Паран вели дека уметноста може позитивно да влијае врз здравјето. Според неа гледање во уметничко дело може позитивно да влијае врз когнитивните способности на пациентот и може да има смирувачки ефекти во лекуавње депресија, стрес и анксиозност.