Универзитетскиот клинички центар во Тузла по прв пат во Босна во рутинска пракса ставил нова метода за третман на тумор на црниот дроб без изведување оперативни зафати. Се работи за т.н. етанолска аблација на туморот на црниот дроб при која директно во туморот под контрола на ултразвук се вбризгува одредена количина на апсолутен алкохол.
По овој вид третман, доаѓа до изумирање на клетките на туморот, како и малиот дел од здравото ткиво, кое се наоѓало околу туморот. Со овојз афат туморот станува целосно уништен и се заменува со друго ткиво.
Зафатот трае дваесетина минути, додека пациентот веќе следниот ден може да оди дома. Исто така, добра работа кај овој зафат е тоа што може да се повторува се додека туморот во целост не биде отстранет.
Според зборовите на професорот Нермин Салкиќ, овој вид на метода која е можно да се примени само на одередена група на пациенти, овозможува целосно излекување или значаен продолжеток на животот на пациентот за неколку години.
До сега пракса била многу пациенти, кои имале тумори на црниот дроб или метастаза на истиот, не биле погодни за оперативен третман, па морале да одат надвор од земјата.
Во тимот кој направил ваква процедура учествувале академик проф. др. специјалист Енфер Зерем, проф. др. специјалист Нермин Салкиќ, дипломираните медицински сестри Бахрија Харачиќ и Фирдеуса Исаковиќ од Одделението за гастроентерологија и хепатологија при Килината за интерни заболувања, додека од Клиниката за анестезиологија и реаниматологија учествувале др. Халид Махмутович, Џенита Мешиќ, како и медицинскиот техничар Адис Кавгиќ.