Одлучивме да не се спротиставуваме на негово префрлање во друга болница, што ќе ја одреди неговото семејство, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко.
Тој додаде дека Навални е во стабилна состојба.
Германските лекари кои го прегледаа Навални изјавија дека се во можност да го префрлат во Берлин на понатаможно лекување.
Семејството на Навални денеска побара помош од Судот за човекови права во Стразбур со цел руските власти да одобрат негов трансфер во Германија. Неговата сопруга Јулија побара од рускиот претседател Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија.
Сојузниците на Навални стравуваат дека тој е отруен и договориле негово лекување во Германија, но руските лекари претходно тврдеа дека неговата состојба е премногу нестабилна за да биде пренесен од болница.
Навални вчера беше итно примен во болница откако му се слоши за време на летот од Томск за Москва. Неговите соработници се сомневаат дека тој е отруен, додека руските лекари тврдат дека се работи за метаболичко заболување кое е последица на ниското ниво на шеќерот во крвта.
(МИА)