Го прашав старецот Гаврило како да постам, ни на крај памет не ми паѓаше што ми каже.
Така, кога го прашав тоа, тој ме погледна, молчеше некое време, а потоа ме тргна настрана, за никој да не чуе и ми го раскажа целиот мој живот, сите мои гревови што ги правев од детството.
Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Потоа, кога се смирив, повторно седнавме, старецот беше многу нежен и ме тешеше. Потоа донесе нешто за послжушување и рече:
“Земи, послужи се!”
Јас уште вознемирен реков: „Отец, сега не можам ништо да јадам“.
Тогаш старецот го спушти послужавникот и рече: „Ене, дете мое, тоа е постот! Кога ќе ги видиш своите гревови, не можеш да јадеш“.
Старец Гаврило Грузиски